Форбс: Роналдо никој не може да го симне од тронот, тој е најбогат спортист за 2016

Американскиот медиум “Форбс” ја објави листата на најплатени спортисти за 2016 година. На првото место е Кристијано Роналдо кој минатата година заработил неверојатни 88 милиони долари, од кои 56 од плата и награди а останатите 32 од спонзорски договори.

rona1

На второто место се најде играчот на Барселона Лионел Меси. Аргентинецот остварил заработка од 81,4 милиони долари, додека третото место на оваа листа му припаѓа на Леброн Џејмс. Кошаркарот на Кливленд е побогат за 77 милиони долари.

Зад него се најде Роџер Федерер, кој во 2016 инкасирал 67,8 милиони долари, од нив само 7 милиони ги заработил од турнири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.