ФК Големо Коњари ита кон нов историски успех (ФОТО)

Веќе три години ФК Големо Коњари бележи голем напредок, како во однос на организација, така и во однос на резултатите на терен.

Овие резултатите пред се се должат на посветеноста и работата на претседателот Тони Даноски, тренерите Горан Касниоски и Дејан Сркески и уште седумте членови на управата.

Клубот е во вистински раце и на добар пат, бидејќи го водат искусни луѓе и поранешни фудбалери на ФК Братство или денешно ФК Големо Коњари.

Kлубот кој настапува во третата фудбалска лига финансиски се обезбедува од месното население и наши исселеници од дијаспората.

Цел на управата е испишување на нова историја, односно прво место и бараж за влез во Втора лига по втор пат од постоењето на клубот.

Сепак, Втората лига бара големи финансиски средства, па од клубот упатуваат апел до бизнис секторот да ги поддржи во остварување на целта.

Моментално клубот се наоѓа на првото место на табелата во Третата лига-Југ, а до крајот на есенската полусезона остануваат уште две кола.

На задоволство на фудбалерите и фановите, теренот и клубските простории се во добра состојба, но фали обнова на оградата на стадионот.

Следете ја Фејсбук фан страната на клубот и информирајте се за сите новитети, потреби и секако за постигнатите резултати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.