Утре во прилепскиот театар, премиера на претставата “Аудиција” во режија на Владимир Милчин

На 20 мај 2023 / сабота/ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп од 20.00 ч., премиерно ќе биде изведена претставата „АУДИЦИЈА“ од Александар Gалин, во режија на Владимир Милчин.

АУДИЦИЈА
од Александар Галин

Превод: Сузана Киранџиска
Режија: Владимир Милчин
Избор на музика: Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин
Сценографија: Крсте С. Џидров
Kостимографија: Марија Пупучевска.

Играат:

Нина Карнаухова ………………… Марија Спирксока Илијеска
Варвара Волкова …………………. Даниела Иваноска
Кате Волкова………………………… Ангела Наумоска
Лиза Волкова………………………… Сара Спирксока к.г.
Тамара Тумбе ……………………….. Јасмина Мицовска Станкоска
Олга Пухова…………………………. Наташа Ачански
Алберт …………………………………. Илија Волчески к.г.
Тецуѕин Аоки……………………….. Александар Тодески
Борис Карнаухов…………………… Игор Трпчески
Васил Тумбе ………………………… Зоран Иваноски
Биктор Пухов ………………………. Михајло Миленкоски

Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.