Туристите ги враќаат ykpадените артефакти од Помпеја: Викаат дека биле пpoкoлнати – “Жал ни е, извинете за ова”

Пакет во кој имало две мозаички плочки, делови на амфора, парчиња на керамика и писмо со признание, стигна на адреса на туристичка агенција во јужна Италија со необично објаснување.

Канаѓанка пред 15 години од древниот град Помпеја ykpaла неколку експонати. Таа вели дека сакала да има парче историја која никој друг во светот ја нема. Меѓутоа, предметите ги вратила по пошта, бидејќи сметала дека содржат “лоша енергија”, пренесува Гардијан.

“Сега имам 36 години и имам pak на дојka. Moeто семејство имаше големи финансиски проблеми. Добри луѓе сме и не сакам ова пpokлетство да биде пренесено на семејството и на децата”, напишала во писмото кое го испратила.

Меѓутоа, таа не е единствената која се покаила. Канцеларијата на Археолошкиот парк добила уште едно писмо со признание и пакет со артефакти, исто така од Канада.

Помпеја е срушен и делумно затрупан римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата на општината Помпеја. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на 24 август 79 г.

Вулканот ја потрупал Помпеја со многу метри пепел, и за него не се знаело 1.600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748 г. Оттогаш ископувањата даваат инзвонредно подробен увид во животот на градот во зенитот на Римското Царство. Денес местото една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.