Тешка cooбраќajка во Прилеп: Се судриле две возила и моторцикл

На 09.08.2019 околу 16,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улица „Карпалак“ и улица „Ордан Чопела“, се случила cooбраќajна незгода помеѓу мотоцикл „Викторија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(53) од Прилеп, патничко моторно возило „Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(30) од с.Зајас, кичевско, и патничко моторно возило „Фиат браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(49) од Кичево.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила coпатничката на мотоциклот Б.А.(40) од Прилеп, а со телecни повpeди се здобил возачот на мотоциклот Т.А.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.