Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Се судрија “Шкода Јети“, сопственост на МВР и „Пасат“,

Вчера во 21 часот и 20 минути на патот Прилеп-Битола, на клучка „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило “Шкода Јети“, сопственост на МВР, управувано од 49- годишниот Ц.В од село Десово, и сопатник 52- годишниот Б.Д од Прилеп и патничко моторно возило „Пасат“ управувано од 23- годишниот Д.А од Кавадарци.

Во незгодата сопатникот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, укажана му е лекарска помош во Градска болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.