Тешка сообраќајка во прилепско: Изгубил контрола на возилото и се удрил во електричен столб

Страшна сообраќајка се случила во Македонија вчера во 12 часот во село Ропотово, прилепско, кога 42-годишниот С.А. од село Секирци управувајќи патничко моторно возило “Лада Самара” со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во електричен столб.

Во незгодатата со тешки телесни повреди се здобила 16 годишна сопатничка од истото село.

По укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп повредената е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.