Температурен шок: Од утре пеколни горештини, температурата ќе се искачи до 38 степени

Времето денеска беше сончево и топло со мала до умерена облачност, а максималната температура беше во интервал од 27 до 35 степени.

Утре не’ очекуваат пеколни температури во интервал од 28 до 35 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Во понеделник и вторник температурите ќе се искачат до 37, односно 38 степени, а ќе се задржи и високата вредност на УВ индексот.

Не излегувајте без потреба во попладневните часови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.