Тематска средба “Можности за кариера” пред учениците на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски–Питу

IMG_0075

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски–Питу, во рамките на проектот „Вешти и компетентни“, кој Министерството за образование и наука на Република Македонија го спроведува во средните училишта во земјава, оствари тематска средба со реномиран гостин од бизнис секторот.

IMG_0076

IMG_0073

Преку непосредна средба, со Г-ѓица Ирена Јакимоска , Директор на ДОО „Комфи Ангел„ од Прилеп, на учениците им се даде можност да креираат вистинска слика за кариерните можности и иновативното работење во компаниите. Учениците стекнаа искуство дека токму тие се идниот потенцијален кадар, инпут за работењето на оваа компанија, која од искуство потврдува дека најголем број од вработените во администрацијата -осумдесетина, се квалитетен кадар кој средношколските денови ги поминале, токму во Економското училиште.
Тематска средба, концепирана како интерактивен настан, на 26 ноември 2015 год. (четврток), на 40-тина ученици им овозможи да се запознаат со добрите практики и вистински искуства од областа на бизнисот, претприемништвото и иновациите. На средбата со учениците се дискутираше на тема „Можности за кариера“ .

IMG_0083




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.