Студентите оставени на цедило од неспособната влада- во студентскиот дом Кузман со денови прокиснува вода во мензата (ВИДЕО)

Иако СДСМ ветуваше подобри услови за студентите откако ќе дојдат на власт, тие веќе година и половина заборавија на студентите и нивните маки.

До нашата редакција пристигна видео снимка од студентскиот дом Кузман Јосифовски- Питу која е повеќе од загрижувачка.

Студентите маки мачат со водата која прокиснува токму во мензата во која треба да јадат, па поради тоа услови во мензата речиси и да нема, а водата капе без престан.

Оваа ужасна слика е уште еден доказ дека власта не се грижи за студентите иако тоа им беше ветено во многу наврати.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.