Стасаа и првите реакции за комуналните проблеми: Продлжуваме сите заедно за почист Прилеп (ФОТО)

Oткако утрово ја најавивме нашата нова рубрика “Пријави комунален проблем, испрати фотографија и видео”, почнаа да пристигнуваат првите поплаки од граѓани упатени до Јавното комунално претпријатие “Комуналец”.

Првите фотографии се од контејнерите на паркинг просторот кај Центарот за јавно здравје:

Вторите фотографии се од ул. “Кеј 9-ти Септември” бр.21, каде граѓни информираат дека пет пат се јавувале на телефонскиот број 048/428-992, кој е објавен на веб порталот на претпријатието, но досега според поплаката од граѓаните не дошла екипа. Образложението прво било дека тракторите им биле на сервис, а потоа им рекле да си најдат самите трактор. Инаку, отпадот е од суви гранки и лисја.

Со оглед на тоа дека Македонија е во портокалова фаза, па поради препораките да не се работи на отворено во периодот од 11 до 17 часот, апелираме одговорните во претпријатието да испратат екипи на овие локации во утринските часови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.