Спорт во детството – помал ризик од остеопороза во староста

sport

За правилен развој на коскената маса и превенција од остеопороза во подоцнежните години, девојчињата пред пубертетот би требало да почнат редовно да спортуваат. 

Шведските научници утврдиле дека три ипол часа физички вежби неделно се неопходни за развој на здрав коскен систем кај девојчињата.

Имено, тие во текот на седум години ја следеле состојбата на коскената маса, структура и јачината на коските кај 170 адолесценти кои редовно имале физичка активност како гимнастика, кошарка, фудбал и други спортови.

Истражувањето покажало дека девојчињата кои секоја недела поминувале по 200 минути во спортски активности имале поголема јачина на коските отколку девојчињата кои спортувале само 60 минути неделно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.