Сообраќајка попладнево на излезот на Прилеп: Автомобил се преврте на патот

Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница – пренесува “Пресс 24”.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола несреќата се случила околу 13 часот.

– Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со прилепски регистерски таблички со тројца патници се превртило на патниот правец Прилеп – Битола на излезот од Прилеп. Двајца од тројцата патници се здобиле со полесни телесни повреди, а жената-возач не е повредена. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница, вели Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи прилепската полиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.