Се јави Виктор Орбан: Еве што порачаа од неговиот кабинет за барањето на азил од Груевски

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски го поднесол своето барање за добивање азил пред унгарските власти, објавија од кабинетот на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Поради тоа што Груевски беше премиер 10 години, како и поради безбедносни причини, унгарските власти одлучиле да му дозволат на Груевски да го поднесе барањето за азил и да биде сослушан во канцеларијата за Имиграција во Будимпешта.

Канцеларијата за Имиграција и азил ќе ја спроведе процедурата во согласност со двете, унгарското и меѓународното право – пишува во извештајот на кабинетот на Орбан.

Понатаму во извештајот се вели дека Македонија е стратегиски партнер и пријател на Унгарија. Добра соработка помеѓу двете земји е важна за безбедноста на Балканот и Европа.

Македонската влада е партнер на Унгарија во меѓудржавните односи и затоа ние во никој случај не сакаме да интервенираме во внатрешните работи на суверените земји и сметаме дека проценката на барањето на поранешниот македонски премиер за азил да биде единствено легален проблем.

Во согласност со унгарскиот закон, унгарските власти нема да обезбедат дополнителни информации во врска со деталите за постапката за азил пред завршување на таа постапка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.