СЕ ОДРЖА ВТОРАТА ФРАНЦУСКО – МАКЕДОНСКА БОЖИЌНА ВЕЧЕР

15644785_10205644468989986_1396775962_n

Во рамките на проектот Француско -Македонски културен клуб, беше одржан настан во соработка на ИНФО СЕГА и професорките по француски јазик Мирјана Бошковска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Ирена Наумоска од ООУ „Гоце Делчев“, Весна Трајческа од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу“ и Љупка Томиќ од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” кои и оваа година придонесоа овој настан да биде успешен.

15673241_10205644456869683_1526015093_n

15673143_10205644471750055_1123169633_n

15666007_10205644476750180_1871595427_n

Француско -Македонската божиќна вечер беше организирана по втор пат од тимот на ИНФО СЕГА. На настанот настапија ученици со музички точки, комични театарски претстави, мјузикли, како и малата пинкова ѕвездичка Александра Трајческа!Исто така се читаа и пораки на француски јазик од рачно изработени  новогодишни честитки. Во топла Божиќна атмосфера се забавуваа и радуваа децата од повеќе основни и средни училишта.

15644594_10205644456549675_1270039514_n

15644401_10205644494630627_48910418_n

15644325_10205644470830032_903068649_n

15589869_1175284529193477_1216606746379290906_n

15682979_10205644459029737_1954446310_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.