СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Откриени се две планети на кои постои живот !

Новооткриената “џуџе-ѕвезда” го привлекува вниманието на голем број научници. Околу “Трапист-1” кружат дури две планети кои се сместени во населив појас.

Станува збор за два светови кои имаат вода и топлина, две компоненти пресудни за живот.

По откривањето на седум планети и нивната ѕвезда минатата недела, научниците бараат светови слични на Земјата.

Никогаш до сега научниците не пронашле толку голем број на планети со големина на Земјата, кои кружат околу иста ѕвезда или во зона каде екстремните температури на вселената не го уништуваат цел жив свет.

Ова откритие покажува дека во Млечниот пат постојат голем број на планети како Земјата.

Докторката Ами Бар со Планетарниот научен институт во соработка со колегите од Унгарија, ги конструирале математичките модели на планетите и нивната внатрешност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.