Свадба од 100 милиони долари: Првите фотографии од најлуксузната венчавка во Индија (ФОТО+ВИДЕО)

100 милиони долари?! Свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија го придоби вниманието на целиот свет. За екстравагантните прослави кои траат неколку денови воопшто не се штедело.

Иша Амбани и Ананд Пирамал направија свадба за која долго време ќе се зборува. Бијонсе им пееше на претсвадбената свеченост, а меѓу гостите беа Хилари Клинтон, младенците Пријанка Чопра и Ник Џонас, моделот Наталија Водјанова како и многу славни личности од Боливуд.

27-годишната Иша е ќерка на Мукеш Амбани, за кого се смета дека поседува богатство од 42 милијарди долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.