Ременски: Не си давам оставка од потпретседател на Собранието, тоа не е партиска функција

Потпретседателката на СДСМ и Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски, која е осомничена во новата истрага за случајот Рекет, за перење на пари преку Меѓународниот Сојуз на Боки 13, стекнати на криминоген начин, преку рекетирање на бизнисмени, денеска во својата изјава пред Кривичниот суд кажа дека нема да си поднесе оставка од позицијата потпретседател на Собранието, бидејќи тоа како што вели таа не е партиска функција.

На прашањето дали вие ќе останете на позицијата потпретседател на Собранието на Република Македонија, Ременски одговара таа не е партиска позиција. При што дополнително рече:

– Јас мислам дека од аспект некаква одговорност ако прејудицирате, времето и законот и уставот на сите вклучени во било какви постапки ја гарантираат презумпцијата на невиност и вие мислам тоа најдобро треба да го знаете. Се додека не биде докажан вина со правосилно судско решение секој е невин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.