Прилеп pyши цpни peкopди: Уште четворица наши сограѓани не се повеќе помеѓу нас

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-459, Куманово-25, Дебар-1, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-5.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г) и двајца пациенти од Скопје (77 и 67г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.

Во овој момент најмногу активни случаи има во главниот град 5304, а потоа следат Тетово со 653 и Прилеп со 615 активни случаи.

Направените 2731 теста се преку: ИЈЗ-700, ЦЈЗ Скопје-77, Авицена-472, Биотек-417, МАНУ -280, Жан Митрев (Филип Втори) -380, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –65, Судска медицина-29, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-9, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Koвид -19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.