Прилеп нема репрезентативна сала, ама ќе биде домаќин на баражите за опстанок

Ракометната федерација на Македонија ги потврди домаќинот и термините за бараж натпреварите за пополнување на Супер лигата за следната сезона.

Натпреварите ќе се одиграат на 3 јуни во Прилеп, во спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“, каде ќе се водат битките за место во елитното друштво и во машка и во женска конкуренција.

Програмата ќе ја отворат екипите на Пелистер и Ѓорче Петров 2 во женска конкуренција, со почеток од 17:30 часот.

Во машкиот бараж, од 20:00 часот, силите ќе ги одмерат Младост Богданци и Струга во директна пресметка за последното место во Супер лигата.

Од елитната конкуренција следната сезона испаѓаат Металург Автокоманда кај дамите и Радовиш во машка конкуренција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.