Прилеп лидер во легализација на дивоградбите во Македонија

Со донесени околу 9.000 решенија за легализација на диво изградени објекти Прилеп е лидер во Македонија кога станува збор за спроведувањето на овој закон.

_MG_4499

„Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.077 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила на дури на 9.000, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%“, посочи Никола Кимоски од одделението за урбанизам.

Според изјавата на градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција:

„Прилеп и понатаму останува лидер во Македонија со легализирани над 9.000 вакви објекти. И понатаму ќе продолжиме со ова темпо, а од друга страна тоа укажува на големата ефикасност на локалната самоуправа, односно секторот за урбанизам кој е задолжен за легализацијата. Исто така тука имаме голема ефикасност на државниот и приватните катастри, но за овие добри резултати секако се заслужни и самите граѓаните на општина Прилеп и нивната голема иницијатива што побрзо да си ги легализираат своите дивоизградени објекти. Со ова граѓаните добиваат многу, затоа што голем дел од нив после децении добиваат имотен лист за своите објекти“.

Краен рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017-та година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.