Прилепчани со нов триумф: Колективната игра му донесе нови бодови на Мега Баскет на гостувањето во Скопје

Екипата на Мега Баскет од Прилеп, вчера во рамките од седмото коло од Третата лига гостуваше кај екипата на КК АЛБЕС од Скопје.

После поразот од Работнички 2018 во Прилеп минатата недела, прилепчани запишаа нова победа (75-84).

Мега Баскет се први на табелата со 5 победи и еден пораз, но Работнички има натпревар помалку.

Прилепската екипа прави напори после долги години да ја оживее кошарката во градот под Mарковите Кули, па затоа ја заслужуваат целата поддршка, особено на натпреварите на домашен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.