Прилепчани во улога на “Отпишаните”: Позираат со запленет германски “Опел” и митpaлези

По ослободувањето на Македонија и со крајот на Втората Светска војна, се остварил сонот на многу генерации за наша слободна држава.

Во најголемиот воен конфликт, многу Македонци го изгубиле животот, борејќи се како партизани на сите подрачја на Југославија.

Прилеп е еден од градовите кој дал значаен придонес за целосното ослободување.

Покрај огромните човечки загуби и материјални штети, прилепскиот дух за мајтап и курназлак, не исчезнале.

На фотографијава се шестмина сограѓани кои со трофејно оружје, позираат до запленет германски Опел – командно возило.

Двата митралези – “Шарци”, германските автомати, вперени кон објективот, и насмеаните фаци, плус автомобилот, необично многу наликуваат на познатата ЈУ- серија “Отпишани”, со легендарните актерите Воја Брајовиќ како Тихи, Драган Николиќ, како Прле и Иван Бекјарев, како Цане Курбла. Убаво потсетување на времињата по поразот на најголемото зло.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.