Прилепчанец возел “ќор пијан” низ град – дувнал 2,4 промили на дрегер

-На 24.07.2026 во 23:10 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ со ул.„Ристе Секирчанец“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.К.(44) од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „шевролет” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,40 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.