-На 23.07.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

























