Прилепски Креативен Пазар и Летна креативна работилница за деца, утре под Градскиот Саат

Здружението „Инфо Фронт Прилеп“ во рамките на својот проект “Јавен простор Прилеп”, продолжуваат со активности.

Нивните настани во изминатиот период ја заживеаа прилепската Стара чаршија и собраа публика од најмала до најголема возраст.

Утре со почеток од 10:30 до 15:00 часот под Градскиот Саат во центарот на Прилеп ќе се одржи “Прилепски Креативен Пазар”.

“Целта на овој пазар е запознавање и претставување на луѓето што творат/произведуваат на локалната јавност, а воедно и поддршка на локалната економија, размена на идеи, искуства и производи. На креативниот пазар ќе можете да ги купите делата/производите од следните автори: Koка Кола со Емил Солески, Урбан Ера, Даци Велкоска, Ивана Секулоска, Ѓорѓи Деспотов, Снежана Ѓореска, Стевија – Природна козметика со НИКА Природна Козметика, Quiet Quick, Дарко Талески и Викторија Димеска”, информираат од здружението.

Со почеток пак од 11:00 до 13:00 часот, на истата локација ќе се одржи и “Летна креативна работилница за деца во центарот на Прилеп”.

“Коалиција на младински организации СЕГА преку Младински Информативен центар ИНФО СЕГА Прилеп, организираат Летна креативна работилница за деца во центарот на Прилеп. Работилницата ќе се одржи на 18.08.2018 година, од 11.00 – 13.00 часот на плоштадот кај Градскиот часовник (Саат кулата) во Прилеп. Ги покануваме заинтересираните деца да се приклучат на оваа активност и ветуваме добра забава, изразување на креативноста и многу игри”, пишува во описот на настанот.

Оваа работилница е дел од Летната креативна школа која ја спроведува ИНФО СЕГА и работилниците се наменети за деца на возраст од 08 до 12 години кои сакаат на креативен начин да го поминат летото, да творат, да учат за другите култури и да работат се што ќе ја изрази нивната креативност и да ја поттикнат детската фантазија.

Воедно на настанот, Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА ќе ја промовира кампањата 365 Работнички права за млади која ја спроведува со партнери од цела Македонија.

Овој настан се реализира во соработка со Јавен Простор Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.