Пред 8 години кавадарчани им извадија семафор, а денеска неготинчани им вратија на уште пооргинален начин (ФОТО)

Сите се сеќаваме на тиквешкото дерби од пред 8 години помеѓу ФК Вардар Неготино и Тиквеш и на моментот кога навивачите на Тиквеш извадија семафори на трибините и им порачаа на неготинчани:

“Семафор сум дете имам светла три, од Неготино си не ме знаеш ти”.

 

Но, се рекло клопчето се врти, па дојде денот навивачите на Вардар Неготино, “Винари”, да им се “одмаздат” на своите соседи.

На денешниот натпревар помеѓу овие две екипи забележан е нов сеир, од кој ќе паднете од смеа.

“Винари” за да ги исмеат кавадарчани извадија локомотива на трибините и се реваншираа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.