После формирањето на војска, Косово не застанува: Од Србија ќе бараат и надомест на воена оштета

Фатмир Љимај, потпретседател на косовската влада и еден од двајцата шефови на новоизбраниот приштински тим за продолжување на дијалогот со Белград, изјавил дека барањето за воена оштета ќе биде едно од 15-те теми, кои како што вели, останале за завршување на тој процес.

Повторил дека останатите теми, помеѓу останатото се: меѓусебно признавање, исчезнатите луѓе, сукцесијата … пренесува приштинскиот весник “Koха диторе”.

Љимај изјавил дека косовскиот парламент вчера вечерта ја усвоил резолуцијата за продолжување на дијалогот и го потврдиле тимот за финалната фаза од дијалогот, кој ќе го предводи токму Љимај и лидерот на опозициската СДП, Шпенд Ахмети.

Тој вели дека првата задача ќе им биде анализирање на документацијата која била составена од досегашниот дијалог.

За својата работа, тимот редовно ќе го известувал парламентот, а преостанатите теми ќе ги разгледувале постепено, на основа на претходно утврден дневен ред.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.