Полицијата со претреси во фирмите за канабис: Забележале дека недостасуваат десетици килограми

При претрес на две фирми за легален канабис во Неготино, полицијата констатирала неколку неправилности од кои и недостаток на десетици килограми канабис.

Според МВР, фирмите не работеле во согласност со Законот за контрола за опојни дроги и психотропни супстанци. Против фирмите и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

На почетокот на овој месец, полицијата запленила 225 килограми сув цвет марихуана од фабрика во близина на Кавадарци, која исто така работела спротивно на законот.

Инаку, во 2015 година Македонија дозволи одгледување марихуана за медицински цели под многу ригорозни услови, кои предвидуваат сериозна евиденција на апсолутно секое насадено стебло канабис и сигурносни услови, како и видеонадзор и високи огради.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.