Се отвори и третата граница: Од денеска кај уште еден сосед со стари документи

Косово и Албанија се единствените места каде што денеска официјално може да се патува со стари документи. Некои неофицијални информации велат дека оваа одлука властите во овие две земји можат да ја сменат во петок и да забранат да се користат старите пасоши.
Во Србија официјално не е дозволен влез со стари документи, но неофицијално, голем број на патници се пропуштани да ја поминат македонско српската граница со стара лична карта. Стариот пасош кај нашиот северен сосед не поминува. Проблеми за стари возачки дозволи и стари сообраќајни дозволи не се прават на ниту еден од овие три гранични премини.
Во Грција се почитуваат сите правила до најмал детал. Потребно е се да ви е ново за да поминете кај јужниот сосед. Нов пасош, нова возачка, нова сообраќајна дозвола и НМК налепница на регистарските таблички.
Во Бугарија ситуацијата е слична. И таму не може да се влезе со стари документи.

Надлежните препорачуваат граѓаните да проверат дали можат да поминат со старите документи бидјеќи до овој момент, ниту една од соседните држави нема официјална информација за протоколот кој го спроведува при движењето на патниците.

Она што официјално може да се добие како информација е дека бројот на патници во текот на вчерашниот ден бил значително намален под просекот за дневно движење на македонските државјани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.