Познати првичните причини од што починала младата девојка од Прилеп, чие тело беше пронајдено во стан во Солун

Првичните наоди од форензичката обдукција покажуваат дека смртта на 24-годишната девојка од Прилеп, која во понеделникот беше пронајдена мртва во стан во солунската населба Сикиес, најверојатно е последица на патолошки причини, односно природен процес во организмот.

Според грчкиот медиум Thestival.gr, засега не се пронајдени индиции што би укажувале на криминално дело, додека конечниот одговор за причината на смртта се очекува по добивањето на резултатите од токсиколошките анализи.

-Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта. 24-годишната жена, која била со потекло од Македонија, била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите достапни информации поврзани со околностите на нејзината смрт, пишува медиумот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.