Плачковица преголем залак за Победа

Фудбалерите на Победа вчера на стадионот на Могилата во рамките на 4-тото коло на Втората лига-Исток одиграа само 0-0 со екипата на Плачковица.

Избраниците на тренерот Дарко Крстески одиграа лош натпревар и на крајот според прикажаното и не заслужија да победат, уште повеќе ако се земе во предвид дека за 97-те минути игра создадоа само една шанса-на Филип Димоски кој биеше над голот.

На спротивната страна гостите на почетокот на мечот имаа три убави прилики-одбрани Котевски удар на Ристов, а во две ситуации истиот играч и Истатов од изгледни ситиации шутираа над и покрај голот на прилепскиот голман. Од самиот почеток се виде дека прилепчани имаа лош влез во натпреварот, без пас игра на теренот, туку се обидуваа со долги топки да дојдат до гостинскиот гол што никако не успеваше и се покажа како крајно нецелисходно против организираниот и дефанзивно ориентиран противник.

Во поголемиот дел од мечот домаќините, во чии редови во почетниот состав имаше двајца дебитанти Белески и Бошески, а Дебрешлиоски првпат беше стартер сезонава, ја имаа иницијативата но евидентна беше нервозата поради неможноста да се отвори резултатот и да се дојде до водство. Се играше брзоплето со многу на моменти и несфатливи технички грешки, а за жал во домашниот тим денес немаше расположен фудбалер кој со потег би можел да го постигне толку посакуваниот погодок.

Во секој случај нерешениот исход може да се смета за кикс и неуспех за Победа затоа што се загубени два можеби и планирани бода со кои ќе се задржеше чекорот со водечката двојка Брегалница и Тиквеш. Но, и денес како и минатата сезона Плачковица се покажа како противник против кој Победа не може да победи. Лани пораз дома 2-5 и реми без голови (како и денес) на гостувањето во Радовиш.

Победа: Котевски, Бошески(од 46 мин Наумоски), Белески, Петкоски, Спиркоски (од 64 мин Каралиоски, Колевски, Дебрешлиоски(од 74 мин Алимоски), Ангелески, Јошески(од 57 мин Дунимаглоски), Димоски и Гешоски.

Резултати 4 коло:Побера-Плачковица 0-0, Кит Го-Тиквеш 0-3, Слога Виница-Кожуф 1-1, Росоман-Саса 3-2, Брегалница-Осогово 1-1 .

Табела: Тиквеш 10 и Брегалница по 10, Победа, Слога Виница и Росоман по 7, Кожуф 5, Саса, 3 Кит-Го и Осогово по 2 и Плачковица 1 бод.

Во следното 5-тто коло во сабота на 26-ти септември ќе играат: Кожуф-Победа, Тиквеш-Брегалница, Саса-Кит Го, Плачковица-Росоман и Осогово-Слога Виница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.