Пендаровски: Син ми не би го пуштил да живее во студентски, ги знам условите

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски коментирајќи ги условите во студентските домови и студентските протести, даде изјава во налик на онаа дека ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

-Мојот син е втора година на факултет во Скопје и има каде да преспива, меѓутоа не би го пуштил. Условите во студентскиот дом „Стив Наумов” ги знам бидејќи 25 години живеам до тој дом. Беа грозни и одвратни уште тогаш, не гледам дека нешто суштински се променило, рече Пендаровски.

Тој вели дека од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат.

– И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе, изјави претседателот Пендаровски.

Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички, додаде претседателот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.