Она што е најбитно за мене е Прилеп, рече Сугарески по 20 години кариера?

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ.

“Возвишено беше чувството да се застане на бината покрај моите драги пријатели, пред огромниот број приврзаници на социјалдемократската идеја и поддржувачи на мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.

Му благодарам на моето семејство кое безрезервно ме поддржува сите овие години, чија љубов и доверба ми даваат сила и верба да истраам во тоа што го работам и на кое сум максимално и безрезервно посветен.

Вечерашниот настан беше сосем нов и уникатен пристап во начинот на мојата промоција првенствено како личност, а потоа и како политичар. Промоција гледана низ призмата на луѓето кои долго и добро ме познаваат.

Доколку ја добијам довербата, ќе бидам градоначалник на сите граѓани. Без исклучок. Бидејќи и моето сфаќање на животот, мојата животна филозофија е да обединувам, не да делам.

Убеден сум дека победата на СДСМ на претстојните локални избори е извесна, од причина што граѓаните ја препознаваат нашата искрена заложба за создавање еднакво општество за сите граѓани, земја во која младите гледаат перспектива и ја планираат својата иднина”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.