Ова ниту НАСА не може да го објасни: Четири големи мистерии на Месечината за кои до денес нема одговор

Иако поминаа 40 години откако Нил Амстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс стапнаа на Месечината, сеуште постојат безброј мистерии за природниот сателит на Земјата.

NASA ga je decenijama istraživala i tamo poslala ukupno 12 astronauta, ali još nisu dobili odgovore na sva pitanja. Ove četiri stvari i dalje ne znamo o Mesecu.

НАСА со децении истражува и на Месчината има испратено 12 астронаути, но многу прашања останаа без одговор. Овие четири мистерии за Месечината останаа нерешени:

1. И понатаму не зnаеме како е настаната

Истражувачите и понатаму не можат да го одговорат тоа прашање, иако веруваат дека е настаната со силен удар. Многу научници сметаат дека објект со големина на Марс удрил во Земјата преd 4.5 милијарди години, а потоа настанале камени остатоци кои одлетале во Земјината орбира и на крајот се споиле во еден дел. Дури и да е тоа точно, тогаш тој судир би бил толку силен што Земјата би ја исфрлил од орбитата. Астрофизичарот Кристофер Палма вели:”Дури кога мислиме дека имаме одговори кои се најблиску до вистината, всушност само се обидуваме да погодиме. Судирот морал да биде доволно силен да исфрли голема количина на материјал во земјината орбита, но не и пресилен како би ја уништил планетата”.

2. Како се пронашла вода на Месечината?

НАСА за прв пат пронајде вода на Месечината во 2009 година во облик на мраз. Научниците не можат да објаснат како дошло до тоа.

3. Како настанал замрзнатиот кратер- “Ладната замка”

Месечината нема атмосфера и нема заштита од сончевите зраци. Како резултат, на површината има екстремни температурни разлики меѓу денот и ноќта. Односно, температурата на светлата страна е до 126 степени, а на темната може да се спушти и до минус 180 степени. Многу од таканаречените “ладни замки” се наоѓаат на делот од Месечината кој не се гледа од земјините телескопи. Она што се крие во овие замрзнати предели за научниците е непознато. Тоа што ни дава надеж дека оваа мистерија конечно би се разоткрила е првото слетување на темната страна на Месечината кое беше остварено од страна на Кинеската вселенска агенција минатата недела.

4. Крие ли Месечината вонземски облици на живот?

Едно од најголемите прашања со кои научниците се соочуваат е прашањето за вонземски живот. Некои веруваат дека водата скриена по површината на Месечината може да содржи древни микроби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.