Ова е помошта за Македонија од Унгарија (Фото галерија)

“Донација од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни едноделни одела од Унгарија за вработените во Министерството за внатрешни работи.

Денес во министерството за внатрешни работи остварив работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Н.Е. Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија е во официјална посета на нашата држава.

Изразив благодарност за донација која доаѓа во вистински момент за министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со корона вирусот е од исклучително значење за државата.

Заеднички разменивме информации за мерките кои се преземаат за справување со пандемијата и се согласивме дека поддршката која доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји”, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.