Објавена фестивалската програма за 51-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

6178-objavena-festivalskata-programa-za-51-to-izdanie-na-mtf-vojdan-cernodrinski-vo-prilep-960x600-1

Од 10-ти до 17-ти јуни по 51-ви пат  ќе се одржат МТФ „Војдан Чернодрински“, а во официјална конкурнеција ќе бидат прикажани 13 претстави од македонските театри. Стартот, ќе започне со претставата „Име“ на „Театар Комедија“ од Скопје. На отворањето на фестивалот ќе бидат доделени наградите за животно дело кои годинава ќе им бидат врачени на Лилјана Мазова – театарски критичар, на Сабина Ајрула и Елхаме Билал.

На 51. издание на МТФ, кој Прилеп љубоморно го чува и негува достоинствено, ќе бидат прикажани претставите:

1.    –  „Кралски игри“ од Григориј Горин, режија Љупчо Ѓорѓиевски – Народен театар – Битола

2.    – „Медеја“ од Сашо Димовски, режија Ненад Витанов, продукција – Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

3.     – ,,Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов- МНТ-Скопје

4.    – „Јов“ од Венко Андоновски во режија Сашо Миленковски – Драмски театар – Скопје

5.    – „Име“, Алексанер Де Ла Патерие и Марје Делапорт, режија Нени Делместре- Театар Комедија – Скопје

6.    – „Старицата од калкута“ од Ханок Левин, во режија на Софија Ристевска, НУЦК Ј.Х.К Џинот Театар Велес

7.    – „Арсеник“ од Џозеф Кеселринг, режија Куштрим Бектеши – Албански театар – Скопје

8.    – „Прометеј“од Есхил, режија Дејан Пројковски – Турски театар Скопје

9.    – „Суд“ од Коле Чашуле, режија Дамјан Читкушев – Народен театар Штип

10. – „Ни ќар ни зијан“, Братислав Димитров, режија Синиша Ефтимов – НУЦК Антон Панов – Театар Струмица

11. – „Ревизор“ од Н. В. Гогољ, режија Андреј Цветановски – НУЦК Трајко Прокопив – Театар Куманово

12. – „Парламентарки“, според Аристофан, режија Сашо Димовски – НУЦК Григор Прличев – Театар Охрид

13.  „Ајнштановите соништа“, според романот на Алан Лајтман, драматизација Русомир Богдановски, режија Слободан Унковски – Театар Војдан Чернодрински Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.