“Образованието во хаос, градоначалникот и Миле Талески зафатени со злocтopничкото здружение??” (Видео)

Изминаа 20 месеци откако актуелниот градоначалник Илија Јованоски и СДСМ ја презедоа локалната власт во Прилеп. Толку време помина откако граѓаните ги слушаа мегаломанските ветувања кои за жал се покажа дека се само големи лаги. Цели 20 месеци, граѓаните очекуваат Јованоски да ги засука ракавите и да започне со работа – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Овде на ова место, во основното училиште “Кире Гаврилоски – Јане”, Јованоски вети изградба на нова спортска сала, која како и сите други ветувања остана само празен збор на хартија.

Јованоски вети изградба и на ново училиште, а веќе изграденото во населбата Сточен пазар го оставија да гние и не го пуштаат во употреба.

Градоначалникот вети и изградба на две нови градинки, на спортско рекреативен центар со затворен базен, вети општина која ќе се грижи за младите и идните генерации, а реалноста е дека овие луѓе сеуште не се ни свесни дека се на власт и дека треба да ги испочитуваат оние кои ги избрале.

За спортската сала во ова училиште, исто како и за новите градинки и новото улилиште, кои ги вети градоначалникот, нема изградено ниту темел, нема ниту проект, а веројатно ниту некогаш ќе бидат изградени од нив.

Единствените инвестиции во образованието кои ќе сведочат дека Илија Јованоски и СДСМ некогаш ја воделе општина Прилеп, ќе останат само фотографиите од приредбите за патронати и положување на цвеќиња.

Почитувани,

Овие луѓе се силни само на збор, нивните лаги испливаа на површина, а тоа беше и причина за големиот пораз кој СДСМ го доживеа на претседателските избори во Прилеп.

Додека Јованоски, Талески и останатите функционери на СДСМ да се свестат, ќе дојат и парламентарни и локални избори, а таму со вакво неработење и ароганција, граѓаните буквално ќе ги збришат.

Ваква неспособна локална власт Прилеп и прилепчани не заслужуваат, па токму затоа ако премиерот Заев се мисли од каде да започне да мети, слободно му препорачуваме тоа да биде Прилеп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.