Нов асфалт на улицата “Мукос” во Прилеп: “Ќе асфалтираме 60 улици”, вели градоначалникот Јовчески (ФОТО)

Oпштина Прилеп почна со асфалтирање на улици. Проектот асфалтирање на над 60 улици, денеска започна со турање нов асфалт на улицата “Мукос”.

-Денес извршивме увид на улицата ,,Мукос“, од каде што стартуваме со реализацијата на овој капитален проект за Прилеп, затоа што започнуваме една акција со која ќе рехабилитираме улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години! Со нашиот план за подобрување на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, а се разбира и нивото на услуги на сите наши сограѓани корисници во сообраќајот. Оваа Локална самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани – напиша на ФБ градоначалникот Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.