НОВИОТ НИКОЛА ТЕСЛА: 13-годишно момче направи уред кој произведува струја – Вреди помалку од 15 долари (ВИДЕО)

Screenshot_4-6-640x377

Инспириран од Тесла, малиот Макс Логан сакал да стане пронаоѓач кој ќе го промени светот. Макс наведува дека цел живот знаел дека неговата главна цел е да го направи светот подобро место.

Тој е на добар пат затоа што измислил уред кој би можел да го промени користењето електрична енергија.

Овој изум го направил во работилницата на татко му која ја претворил во лабораторија.

Уредот кој што го измислил Макс, работи на ист принцип како и оној на Тесла. Она што е важно во овој случај, уредот на Макс може да се направи со материјали кои вредат вкупно 15 долари.

Тој во интервјуто објаснува на кој принцип работи уредот.

Покажа дека неговата машина може да напојува ЛЕД светилки. Уредот може да индуцира радиобранови, термална и статичка енергија и сето тоа да се претвори во употреблива струја.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.