Нова атракција во Белица: Кучето Медо од шумата донесе срнче во семејството Радески (Видео)

Верувале или не, нешто невидено се случи: кучето Медо донесе мало срнче во домот на Кире Радески, кој неколку години го чува срнчето Бамби, пишува во објавата на Фејсбук страницата Белица.

Семејството Радески се грижи за срнчето кое го пронашле и го одгледале и стана миленик не само не семејството во кичевското село Белица. Денешен во неколку наврати пишуваше за Бамби, а сега приказната е надополнета со уште едно срнче.

– Вчера се расчу низ селото дека кучето Медо донело штотуку родено срнче од шумата во близина на куќата на Радески. Од тоа што видовме денеска никој не може да остане рамнодушен. Глетката ја топли душата на секој човек. Кучето го лижеше и се грижеше за малото срнче и си играше како да му е мајка. Сега Бамби ќе има другарче, а Белица добива уште една атракција, пишува во објавата на Фејсбук.

Кире е љубител на природата и без сомнение ќе се грижи за новото срнче, исто како за Бамби, кого го спаси од сигурна смрт, кога го пронашол само и немоќно во шумата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.