НИ ПТИЦА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ПРЕЛЕТА: Еве кои мерки за безбедност се преземаат во пресрет на самитот Трамп-Ким

Воздрушниот простор над Сингапур ќе биде затворен за време на самиотот меѓу САД и Северна Кореја следната недела, пренсува Ројтерс.

Оваа југоисточна азиска држава која на 12 јуни ќе биде местот на историската средба меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, ги засили мерките за безбедност ширум целата територија.

Во предупредувањето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Администрацијата на федералното воздухопловство, наведено е дека воздушниот простор на Сингапур ќе биде затворен на 11,12 и 13 јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.