Ни доаѓа студен бран и врнежи од снег – Температурите ќе паднат под нулата

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со слаби локални врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно со провејување на слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен северен ветер.

Од УХМР најавуваат и снег

Денес ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.