Не се стрижела цели 28 години, косата и се влече по подот, а вели дека единствената тајна и е што косата ја пере само понекогаш (ФОТО)

Алена Кравченко (33) по потекло од Украина, е успешна деловна жена и мајка. Нејзините ќерки се 6-годишни близначки. Она што нејзе ја прави поразлична од другите жени е нејзината долга коса која ја нема потстрижено цело 28 години.

Денеска должината на нејзината коса е неверојатни 1,8 метри.

Оваа жена од Одеса истакнала дека тајната за одржување на нејзината коса е тоа што ја пере еднаш на три недели.

“Ја сакам мојата долга коса и сакам да се грижам за истата. Меѓутоа, не ја перам често, затоа што мислам дека производите кои ги користиме не се добри. Најмногу го сакам природниот изглед на косата, а природните масла ми помагаат таа да изгледа најдобро”, рекла Алена.

Таа се занимава со организирање на детски забави. Косата обично ја држи врзана во пунџа, но кога ја носи пуштена, луѓето трчаат по неа и сакаат да се фотографираат.

Алена само еднаш во животот се има потстрижено и тоа кога имала само 5 години.

Освен пунџа, Алена често носи и плетенки, а косата ја пушта да се одмори само во викендите и за време на празници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.