Не е важно што јадете, туку кога јадете: Еве како да ослабнете и до 2,5 килограми за пет дена

Пред следниот оброк проверете колку е часот! Внимавајте кога јадете и може да ослабнете и до 2.5 колограми за само пет дена, тврдат стручњаците.

Во оваа диета нема никаква забрана во поглед на тоа кои намирници јадете, туку во поглед на времето кога јадете. Овој начин на исхрана е базиран на фактот дека на нашето тело му се потребни сите состојки – јагленохиграти, протеини и масти, но постојат правила како е најдобро да се внесуваат.

Јагленохидратите и мастите, кои се важни за правилно фукционирање на мозокот и за енергија, се внесуваат наутро за да има време да ги потрошите сите внесени калории. Попладне треба да внесувате што помалку јаглени хидрати и масти, а никако не ги конзумирајте по 17 часот.

Внесувањето на јаглени хидрати и масти е обратно пропорционално со внесувањето на протеини. Попладне и навечер конзумирајте месо и риба, како и овошје и зеленчук.

Уште еден важен фактор кој влијае на успехот на диетата е комбинирањето на намирниците. Избегнувајте комбинација на јаглени хидрати и масти, која е лоша за телото, додека комбинацијата на масти и протеини е безопасна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.