“Нашиот лидер нема слободни денови, не користи одмор и не спие”

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, можеби не се појавува во јавност, но тој работи 365 дена во годината- не оди на одмор, ниту на прослави од родендени. Тој е човек што не спие, пишуваат севернокорејските медиуми.

“Од почетокот, ревoлyционepниот календар на нашиот лидер нема слободни денови, празници или родендени”, пишува во посебната статија објавена во дневниот весник “Родног Синмун”, пренесува “НК Њуз”.

Официјалниот весник на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја ја посвети првата страна да го пофали владеењето на Ким.

“Нашата партија креира и спроведува политики за доброто на народот”, пишува на почетокот од статијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.