Налета на погрешна девојка, без да претпостави што го чека: Проба да ја ограби, но цел живот ќе се кае за тоа (ВИДЕО)

 Еден крадец во Бразил лошо ја проценил девојата на која се обидел да и го украде мобилниот телефон.

Имено, тој го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.

-Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец, рече таа за локалните медиуми.

Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја.

Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џитцу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.