Надополни ја листата: Илија Димовски ги наброи сите “благодети” од така наречената “шарена револуција”

Фејсбук статус на Илија Димовски

Помина доста време…
Многу луѓе тогаш укажуваа…
Многу луѓе тогаш не веруваа…
Но, ова се плодовите од тоа што стана после Шарената револуција…
Краток список, направен во брзина, во еден здив, слободно надополнето го…
…..
➡️ Промена на уставното име на Република Македонија со прифаќање на максималните грчки барања erga omnes за негова употреба и примена.
➡️ Редефинирање, ограничување и поделба на македонскиот идентитет, култура, традиции и наследство на два дела.
➡️ Откажување од историското наследство на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија.
➡️ Откажување од позитивната пресудата за името која Република Македонија ја доби пред Меѓународниот суд во Хаг.
➡️ Откажување од признавањето под уставното име на Република Македонија од повеќе од 140 држави.
➡️ Прифаќање на “заедничка историја” со Бугарија.
➡️ Откажување од историското наследство на македонскиот народ во пиринскот дел на Македонија.
➡️ Прифаќање на формирање на историска комисија со Бугарија чија цел и почетни резултати се бугаризација на македонската историја до 1945 година.
➡️ Прифаќање на сите екстремистички барања на Република Бугарија како нови услови и уцени за наше членство во Европската Унија.
➡️ Касапење на историската, географската, етничката и културолошката димензија на македонскиот јазик.
➡️ Имплементација на двојазичност спротивна на Уставот.
➡️ Спроведување на попис со фингирани и неточни податоци.
➡️ Дуплиран е јавниот долг.
➡️ Запрени капитални инвестиции во сите сектори.
➡️ Станавме држава со најмалку странски директни инвестиции на Балканот.
➡️ Станавме држава со најмал раст на БДП на Балканот.
➡️ Станавме држава со највисока инфлација во регионот.
➡️ Се зголемија даноци, акцизи, придонеси за пензиско, за здравствено, државни такси, патарини, други давачки спрема државата.
➡️ Се намали бројот на вработени во индустријата.
➡️ Се зголеми бројот на вработени во администрацијата.
➡️ За половина намалено државното производство на електрична енергија.
➡️ Најскапа електрична енергија за стопанството во Македонија споредено со целиот Балкан.
➡️ Се зголеми бројот на министерства, агенции, државни институции.
➡️ Станавме држава без патничка железница.
➡️ Нема учебници во образованието.
➡️ Нема изградба на нови училишни згради и спортски објекти за образованието.
➡️ Огромен пад на квалитетот на македонските универзитети.
➡️ Нема лекови за ретките болести во здравството.
➡️ Цените на лековите во аптеките се поскапени за неколку пати.
➡️ Нема изградба на нови објекти (клинички центри, болници, депанданси) во здравството.
➡️ Нема ниту набавки на нова современа опрема за болниците.
➡️ Видовме една од најголемите стапки на смртност во светот за време на пандемијата.
➡️ Намалено земјоделско производство, а зголемен увоз на храна.
➡️ Државата ги укина сите демографски политики.
➡️ Држава во која не се изгради ниту еден објект од културата.
➡️ Држава во која свесно се рушат сите големи брендови на македонскиот спорт.
➡️ Редовни мафијашки убиства низ Скопје како никогаш до сега.
➡️ Издавање на пасоши на стотици балкански и светски мафијаши и трговци со дрога
➡️ Присуство и трговија на дрога како во Јужна Америка.
➡️ Станавме држава магнат за производство на дрога во Европа.
➡️ Финансирање на “свои” фирми и бизниси преку Фонд за иновации, Ковид мерки и разни стратешки договори.
➡️ Станавме држава со најскапа цена на за изградба на автопати кои не се градат.
➡️ Избор на Претседател на држава и Влада без поддршка од мнозинството на македонскиот народ.
➡️ Целосна деградација на институцијата Собрание на Република Македонија и бришење на секаква негова контролна и надзорна улога.
➡️ Трговија и уцени на пратеници за опстанување на Владата.
➡️ Непочитување на уставната обврска за рамномерна и правична застапеност на граѓаните во државната власт и администрација.
➡️ Станавме држава во која Владата потпишува договори и превзема обврски и дејства кои ги нема како надлежност и право во законите.
➡️ СЈО како инструмент на власта за политички прогон кон опозицијата, финансиски рекет кон стопанството и многу други криминални дејствувања.
➡️ Рушење и партизација на целиот обвинителски систем, адаптирајќи го на примерот на СЈО.
➡️ Довербата во судството падна на 3%, а во обвинителството на 2%.
➡️ Воведување на двојни аршини при третманот на осомничените и обвинетите врз база на политичка блискост и корист на власта.
➡️ Држава со политички затвореници.
➡️ Држава во која никој не сноси одговорност за 70 живи изгорени луѓе.

П.С. Сите имаме познаници, пријатели кои мислеа дека прават добро
учествувајќи во Шарената револуција.
Денес сум сигурен дека знаат дека згрешиле.
Е токму тие ја имаат најголемата лична одговорност да помогнат да се сруши оваа власт.
П.П.С. Очигледно имаше причини за рушење на претходната власт, но да бидеме искрени, штетите што новата власт ги направи се многу, многу пати поголеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.