Момчето кого девојката не го пушти на Светско се јави на Фејсбук: “Здраво кретени како сте” (ВИДЕО)

Хавиер од Мексико преку ноќ стана познат како најголем папучар во светот. Причината за тоа е што неговата девојка не го пушти да оди во Русија и да ја бодри мексиканската репрезентација заедно со своите другари.

Хавиер и неговите другари пред стартот на големото фудбалско случување се подготвувале за авантура. Тие подготвиле “навивачки автобус” и сакале заедно да заминат во Русија да го бодрат Мексико.

Тука се испречила девојката на Хавиер која му забранила да отпатува со нив.

Другарите сепак смилиле оригинален начин Хавиер “да биди присутен” на сите случувања со нив, па направиле картонска фигура од него и сега го носат секаде со нив.

Откако целиот свет дозна за него, тој се јави преку видео на Фејсбук.

“Здраво кретени како сте? Како што знаете девојката не ме пушти да патувам, а кога таа ќе каже не може, тогаш не може. Сепак, ќе се обидам да побегнам и да дојдам таму, барем на една утакмица. Се надевам дека ќе си поминете убаво  и ако е возможно ќе се видиме таму”, им порача Хавиер на неговите другари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.