Младите фанкофони од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп маестрални: Нови успеси на регионалните и државните натпревари (ФОТО)

И оваа учебна година, младите франкофони од OOУ “Гоце Делчев” Прилеп, под менторство на наставничката Ирена Наумоска покажаа високи резултати на натпреварите по француски јазик, организирани од страна на Здружението на професори по француски јазик во Р. Македонија и од Францускиот институт во Скопје.

Ученикот Никола Здравески освои 3-то место на регионалниот натпревар по француски јазик за 8 одд. “Олимпијади – 2024”, што се одржа на 22.03.2024 година во ООУ “Даме Груев” во Битола, и беше рангиран меѓу најдобрите шест ученици на Државниот натпревар што се одржа на 30.03.2024 год. на Филолошкиот факултет “Блаже Конески “во Скопје.

Исто така ученичките од седмо одделение Илина Ризовска, Бисера Димоска, Стефанија Попоска и Марија Николова, имаа успешно учество на натпреварот по изразно читање на француски јазик, организиран од страна на Француски Институт-Скопје, со што ги покажаа своите знаења за правилен изговор и дикција при читање на текст на француски јазик.

Честитки за сите наши ученици!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.